За нас

Кои сме ние?

Универзитетот Кочо Рацин Скопје е основан 1953 година под називот Работнички
универзитет Кочо Рацин и на овие простори е прва и најголема образовна институција во
областа на неформалното образование. За 70 годишното постоење на Универзитетот низ
разните образовни форми и разни стручни предавања, семинари и трибини од економско
– политичкиот и културниот живот поминале 876.000 посетители.
Со донесување на законот за Отворени граѓански универзитети за доживотно учење во
2011 година, Работничкиот универзитет Кочо Рацин Скопје се преименува во Отворен
граѓански универзитет за доживотно учење.
Најзастапени активности на Универзитетот Кочо Рацин Скопје се изучување на странски
јазици за деца, младинци и возрасни лица, доквалификации и преквалификации и
организирање процеси на учење, насочени за оспособување на младите и возрасните
лица за работа, со реализација на различни курсеви, преку верификувани и не
верификувани програми, за стекнување на вештини за подобрување на квалитетот на
работната сила за потребите на пазарот на трудот. Овие курсеви во зависност од
програмата траат од два до четири месеци а со успешно завршување на курсот
слушателите добиваат Сертификат.

Основна дејност

Основна дејност на ОГУДУ КОЧО РАЦИН е организирање курсеви преку верификувани програми од страна на Центарот за образование на возрасни и Министерство за образование на Република Северна Македонија за следните занимања :
– масери
– козметичари
– фризери
– шминкери
– декоративен маникир
– фитнес инструктор
– неговател/ка на возрасни лица
– ракувач со апарати за заварување
– ракувач со CNC машини
– ѕидар


Универзитетот Кочо Рацин исто така организира курсеви и обуки за многу занимања и
струки со неверификувани програми.


Традиционално најзастапени се курсевите за странски јазици:
– англиски, германски, француски, шпански и италијански јазик.